Џак Буено - Фото: Alec Michael / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Фустан кој откри премногу: Манекенка прошета на црвениот тепих во Венеција без долна облека

Џак Буено предизвика вистинска сензација на црвениот тепих за време на премиерата на филмот „Куќа од динамит“ на 82-от Филмски фестивал во Венеција. Со својот изглед таа веднаш стана центар на вниманието, привлекувајќи ги сите објективи и воздишки од присутните гости.

Џак Буено – Фото: Italy Photo Press / Zuma Press / Profimedia
Џак Буено – Фото: Alec Michael / Zuma Press / Profimedia

Познатата актерка и манекенка се појави во смел црн фустан кој беше синоним за провокација и елеганција во исто време. Долгиот крој со високи странични резови ja откриваше нејзинaта совршено обликувана силуета, додека проѕирните панели суптилно играа со фантазијата на гледачите. Ефектот што го создаваше комбинацијата беше толку впечатлив, што многумина се пошегуваа дека убавицата како да одлучила да излезе без долна облека.

Со сигурна насмевка и самоуверен став, Буено ја заокружи целата комбинација со минималистички накит и дискретна шминка која ја нагласуваше нејзината природна убавина. Секој нејзин чекор по црвениот тепих изгледаше внимателно режиран, оставајќи впечаток дека токму таа е вистинската ѕвезда на вечерта.

Не е првпат Џак Буено да предизвика медиумско внимание со нејзиниот избор на облека, но овојпат дефинитивно успеа да ги надмине очекувањата. Со својата смелост таа уште еднаш покажа дека знае како да ја користи модата како форма на уметност и моќна изјава на црвениот тепих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!