
ФОТО | Една од најубавите холивудски ѕвезди објави фотографија чувана половина век: Сега сè е јасно
Холивудската дива Шерон Стоун (66) уште еднаш покажа дека младоста и грациозноста потекнуваат од семејните гени. Актерката на Инстаграм сподели фотографија од нејзината мајка Дороти Стоун, откривајќи дека нејзината убавина и фигура се беспрекорни.
Препорачано
Фотографијата на која се гледа како Дороти во младоста позира во едноделен костим за капење, предизвика општ ентузијазам.
Нејзината мајка на црно-белата фотографија стара речиси половина век, носи едноделен црн костим за капење, и капа за пливање, но нејзината убавина и беспрекорната фигура и понатаму се очигледни. Шерон дури сега почувствува потреба тоа да го сподели со своите 4 милиони фанови на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Вистинска убавица и ги сакам тие стари костими за капење“, „Изгледа прекрасно!“, „Таа е толку убава. Мислам дека е прекрасно да се биде и убава и згодна во исто време. Ти и мајка ти сте такви. Вие сте навистина благословени“, „Таа е убава жена, атлетска и со стил на врвна пливачка. Пливањето носи здравје за цел живот!“, „Не е ни чудо што си толку убава!! Многу личиш на неа“, беа само дел од коментарите под објавата.
Дороти и денес плени со својата елеганција, а доказ за тоа е негуваниот изглед, од уредно уредената коса во боја на мед до дискретните обетки кои го надополнуваат нејзиниот софистициран стил, иако има 91 година.
View this post on Instagram
Познато е дека мајката на познатата актерка со години живеела во Медвил, мало гратче во Пенсилванија, каде што пораснала Шерон. По загубата на нејзиниот сопруг Џозеф, Дороти се преселила кај нејзината ќерка, а нивната блиска врска станала уште посилна. И покрај нејзината возраст, витална и достоинствена, Дороти не престанува да импресионира со својот младешки дух и природна убавина, па јасно е зошто отсекогаш била пример за нејзината ќерка.