Profimedia

ФОТО | Џил и Џо Бајден и Меланија Трамп го прекршија кодексот на облекување на погребот на папата Франциск, но Џорџа Мелони направи најголемо отстапување

Ватиканскиот протокол за жените на погребите на папите строго налага долга црна облека, црн превез (т.н. мантила), црни ракавици и минимум накит, најчесто бисерен ѓердан. Тие строги правила одразуваат почитување на светоста на настанот и традицијата на католичката црква. Мажите исто така треба да почитуваат правила, па затоа се очекува да носат темно одело, црна вратоврска и црно копче на реверот.

На погребот на папата Франциск, Џорџа Мелони се појави без превез, облечена во црни панталони и сако наместо долг фустан. Со тоа таа го прекрши традиционалниот кодекс на облекување за жените на вакви церемонии, кој не вклучува панталони или облека без покривка за глава.

Нејзиниот стил може да се протолкува како порака за модернизирање, но и како личен избор во согласност со нејзиниот политички имиџ. Мелони е позната по тоа што често избира класични, но практични комбинации, а нејзиниот избор на овој настан може да се смета како одраз на промените во општествените норми, но и како свесно отстапување од ватиканската традиција, пишува Tportal.

Иако досега нема официјални реакции од Ватикан, ова кршење на кодексот сигурно не остана незабележано, особено меѓу конзервативните кругови и протоколистите на Ватикан, кои инсистираат на строго почитување на правилата.

Сепак, таа не беше единствената која ги прекрши правилата на облекувањето – отстапувања од кодексот имаа и Џо и Џил Бајден, како и Меланија Трамп.

Џо Бајден носеше црно одело со бела кошула, но многумина веднаш забележаа дека избрал погрешна вратоврска, носејќи модел во сина боја. Неговата сопруга Џил Бајден исто така ги прекрши правилата, која додаде масивна златна нараквица на нејзиниот црн фустан и превезот.

Profimedia

Меланија Трамп се појави во елегантна црна облека, што е во согласност со правилата на Ватикан за жените кои присуствуваат на папските поворки и аудиенции. Црната боја симболизира почит и жалост, а Меланија носеше црн фустан и традиционален црн превез преку главата, покажувајќи почит кон католичкиот протокол.

Profimedia

Но нејзиниот избор на обувки предизвика одредени коментари. Имено, таа носеше екстремно високи црни чевли со тенка потпетица, што според непишаните правила на протоколот за вакви пригоди се смета за несоодветно.

Ватикан традиционално препорачува затворени, дискретни и пониски чевли, со цел да се избегне секаков вид екстраваганција и нагласување на личниот стил на настан што бара скромност и воздржаност. Сепак, Меланија остана верна на својата препознатлива модна изјава, која не остана незабележана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот