ФОТО | Девојка објавила фотографија од ресторанот и се шокирала кога добила сметка од 58.000 евра

Фото: Принтскрин/ Твитер

Кинезинка останала шокирана кога во ресторан во Кунминг добила сметка во износ од 430.000 кинески јуани или 58.000 евра. Сепак, ресторанот не бил виновен и таа набрзо сфатила што згрешила.

Девојката нарачала неколку локални специјалитети во друштво на пријатели, па решила да направи селфи во ресторанот и да ја објави фотографијата на WeChat, кинеската верзија на Инстаграм. Но, таа не била свесна дека на фотографијата се гледа QR кодот на ресторанот, а нејзините следбеници решиле да се пошегуваат, па го скенирале кодот и почнале да нарачуваат храна, пишува „Дејли меил“.

Ресторанот бил преплавен со нарачки. Биле порачани вкупно 1850 порции патки, 2580 порции лигњи и 9990 порции ракчиња. Кога сфатила што се случило, ја избришала објавата, но нарачките продолжиле да пристигнуваат во ресторанот.

Фото: Принтскрин/ Твитер

За среќа, ресторанот не ѝ наплатил, а за да не се повтори слично, вовеле нов систем каде клиентите можат да нарачуваат храна само со QR код, доколку се во непосредна близина на ресторанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот