Фото: Инстаграм

ФОТО | Деми Мур објави нови фотографии од Брус Вилис: Актерот херојски се бори со исклучително тешкиот противник

Легендарниот актер Брус Вилис неодамна го прослави својот 70-ти роденден. Ѕвездата на акционите филмови, романтичните комедии и детективските серии, се бори со деменција, а голема поддршка има од семејството кое е постојано со него.

Последните фотографии кои ги објави Деми Мур на својот Инстаграм профил ја растажија јавноста. Брус Вилис херојски се бори, иако болеста е исклучително тежок противник. Деменцијата има сè поголем прогрес.

„Квалитетно време со нашиот Брус Вилис“, напиша Деми Мур покрај серијата слики на кои славниот актер е со нивната ќерка Талула Вилис и сопругата Ема Хеминг Вилис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

За потсетување, Брус Вилис и Деми Мур беа во брак од 1987 до 2000 година. Тие ги имаат ќерките Талула, Румер и Скаут. Актерот се ожени со Ема Хеминг во 2009 година, а со неа ги доби двете ќерки Евелин и Мејбел.

Холивудската легенда е постојано опкружена со семејството, Деми и Ема постојано се со него за да му помогнат што е можно повеќе додека неговите пет ќерки му се „ветер во грб“.

„За мене е поважно да се биде добар татко отколку да се биде ѕвезда“, изјави своевремено Вилис, кој секогаш го ставаше своето семејство на прво место.

Додека афазијата предизвикува тешкотии со зборувањето, пишувањето, читањето и разбирањето, деменцијата предизвикува дегенерација на нервните клетки во фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот. На почетокот, заболените изгледаат безволно и раздразливо. Подоцна се развива оштетување на меморијата.

„Тешко е да се каже дека Брус Вилис е свесен за неговата состојба“, изјави Ема во интервју за „Ен-би-си“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот