ФОТО: Дел од фасадата на Владата падна

Падна дел од фасадата на Владата/ Фото Стефан Богоев Фејсбук

Потпретседателот на владејачката СДСМ, Стефан Богоев денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека дел од фасадата на владината зграда се урнал.

-Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме…, напиша Богоев во објавата со фотографиите.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за фасадата на зградата.

Во оваа истрага се опфатени четири луѓе кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот