
ФОТО | Божиќна разгледница пристигна на својата дестинација, 121 година откако била испратена
Минатата недела беше испорачана божиќна честитка до филијалата на инвестициониот фонд „Свонси билдинг сосајети“, а улицата Кредок во Свонси, Велс. Честитката била испратена во 1903 година, а пристигнала нешто повеќе од еден век подоцна, пишува „Би-би-си“.
Препорачано
Вработените во „Свонси билдинг сосајети“ велат дека се надеваат дека ќе ги најдат роднините на госпоѓицата Лидија Дејвис, која претходно живеела на адресата, и на која ѝ била наменета божиќната честитка. Кралската пошта соопшти дека е веројатно дека разгледницата била „вратена“ во нивниот систем и дека не била „изгубена во поштата“.
Разгледницата ја напишал човек по име Еварт, кој, обраќајќи му се на лицето со „Л“, вели дека „толку му е жал“ што не може да земе „неколку“ непознати работи: „Многу ми е жал, но се надевам дека уживате дома“, додава тој.
Еварт понатаму вели дека има околу „десет шилинзи џепарлак, не сметајќи ја цената на возот“ и дека добро му оди.
На крајот ја повикува Лидија „да не заборави на средбата со Гилберт и Џон“, потпишувајќи ја белешката со „испраќам љубов до сите“.
Хенри Дарби, службеник за маркетинг и комуникации во „Свонси билдинг сосајети“, рече дека ја подредувал поштата кога разгледницата паднала и нашол ограничени информации за наменетиот примач.
„Ние сакавме да објавиме информации за овој случај на социјалните мрежи бидејќи можеби некој од местото е поврзан со неа“, рече тој.
Ендрју Дејли од архивите на Вест Гламорган, утврдил дека Џон Ф. Дејвис бил глава на семејството кое живеело на адресата каде што пристигнала разгледницата. Дејвис живеел таму со сопругата и шесте деца.
„Најстарата од нив бил Лидија. Таа имала 16 години кога била испратена оваа разгледница“, рече Дејли.
Одделот за односи со јавноста на Кралската пошта соопшти: „Веројатно оваа разгледница е вратена во нашиот систем и не е изгубена, бидејќи штом парцелата е во нашиот систем, ние сме должни да ја доставиме на точната адреса“.