ФОТО | Актерот Атанас Атанасовски го прослави својот роденден: Полни раце среќа

атанас атанасовски
Атанас Анастасовски и неговото семејство / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерот Атанас Атанасовски кој со години ја смее македонската јавност приватниот живот се обидува да го држи што е можно подалеку од очите на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AleksBela (@belogram)

Атанасовски не е многу активен на социјалните мрежи и ретко објавува моменти надвор од театарската сцена. На голема радост на неговите обожаватели и бројни пријатели, понекогаш неговата сопруга Александра знае да открие по некој момент од нивниот заеднички живот.

Вчера актерот го прослави својот 33-ти роденден. Покрај многуте честитки кои со сигурност му го одбележале роденденот, најубавата секако беше од неговата сакана која на шеговит начин му го честиташе роденденот а по тој повод објави и неколку фотографии.

„Среќен роденден на дечко ми“, напиша таа, споделувајќи фотографија на која позираат во старата скопска чаршија.

атанас атанасовски
Александра и Атанас / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Александра сподели неколку прекрасни моменти и од малата роденденска забава. На едната фотографија актерот дува свеќичка на тортата со бројот 2, држејќи ги своите две деца во прегратка. Додека на другата се гледа дека забавата продолжила во некој убав ресторан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AleksBela (@belogram)

Да потсетиме, Атанас е во брак со Александра Белчева и заедно се родители на синчето Павле и ќеркичката Една.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот