Фото: Принтскрин/Tasteatlas

ФОТО | Aјвар, пинџур, малиџано: Со една графика објаснета разликата меѓу македонските деликатеси

Која е разликата помеѓу ајвар, пинџур и љутеница? Од што се прави зеленото малиџано? Сите тие одговори ќе ги најдете на една фотографија.

Во Македонија, но и на Балканот, ајварот е специјалитет за кој се покренуваат „војни“ на Твитер, се снимаат филмови за него и се смета за национално богатство. И додека луѓето на Балканот се расправаат чиј ајвар е „оној вистинскиот“, странците не знаат ни по што точно се разликува од пинџур или лутеница, на пример.

Токму затоа, The taste atlas објави графика на која се прикажани традиционалните намази од зеленчук направени во земјите на Балканот – со нагласени состојки за подготовка за јасно да се воочат разликите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TasteAtlas (@tasteatlas)


За почеток, ајварот се прави само од печени црвени пиперки.

Во лутеницата, покрај пиперките влегуваат домати, лути пиперки и лук. Пинџур е „слатка“ варијанта на лутеницата и се прави од печени пиперки, домати и лук.

Кај нас помалку позната е закуска, романски есенски деликатес во тегла, направен од печен модар патлиџан, печени пиперки, лук и варени домати.

Малиџано е единственото во кое не преовладува црвената боја на пиперката. Карактеристично е за Македонија и во него се комбинираат печен модар патлиџан, печен зелена пиперка, лук и сенф, е објаснето

Ајварката стигна на пазарите, преработувачите почнаа да ја откупуваат

„Би-Би-Си“ го нарече ајварот балканскиот кавијар: Чиј е оригиналниот рецепт?

Пинџур, ајвар, малиџано: Традиционални македонски рецепти за зимница

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот