Форум за предизвиците на компаниите за изнаоѓање квалитетна работна сила

„Предизвици на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време” е тема на форумот што денеска ќе се одржи во Скопје.

На форумот ќе се обрати вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и ќе учествува на панелот на тема „Трендовите во работните односи и мотивите за останување во државата”.

На форумот воведни излагања ќе имаат и Неби Хоџа претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија, Гречен Биркл вршител на должноста претставник на канцеларијата на УСАИД во земјава и Љубомир Димовски директор на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Форумот е организиран од страна на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори и МАСИТ, во соработка со ЕПИ центар, а со поддршка на УСАИД, во рамките на заедничкиот проект „Партнерство за подобра бизнис регулатива”.

Целта е да се претстават предизвиците на компаниите со наоѓање квалификувани работници, начините со кои младите би се задржале во земјата за отворање на нови перспективи и споредба со позитивни искуства од регионот.

Низ процес на јавно приватен дијалог ќе се иницираат конкретни решенија што ќе обезбедат поголем развој пазарот на трудот, реформи во формалното и неформалното образование, како и стратешки насоки за намалување на невработеноста меѓу младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот