Формирањето на новата влада не ги запре протестите во Либан

Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Како што пренесуваат светските агенции, новата влада треба да ја спаси разнишаната економија.

Протестите во Либан продолжија и покрај најавата на новиот премиер Хасан Диаб дека е формирана влада со 20 министри, по еден месец политички застој.

Како што пренесуваат светските агенции, новата влада треба да ја спаси разнишаната економија.

Диаб (61), поранешен министер за образование и професор на Американскиот универзитет во Бејрут, кој има поддршка од моќното шиитско движење Хезболах, синоќа соопшти дека Либан сега има влада.

Тој нагласи дека владата е составена од технократи и дека ќе се стреми да ги исполни барањата на демонстрантите.

Во владата има шест жени, а првпат министерка за одбрана – Зеина Акар. Министер за надворешни работи ќе биде дипломатот Насиф Хити.

Новата влада има непознати луѓе, многу професори и поранешни советници, но демонстрантите тврдат дека тие само претставуваат „димна завеса” за досегашната политичка елита.

Групи демонстранти се собраа на улиците на Бејрут уште пред да се објави дека владата е формирана, блокирајќи ја главната улица во центарот на градот, при што десетици луѓе беа повредени во судирите со полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот