
ФК Ренова нема да игра во 1МФЛ, клубот ќе продолжи во сите младински категории
Фудбалскиот клуб Ренова АД од Џепчиште, преку официјален допис до Фудбалската федерација на Македонија информира дека клубот нема да биде дел од натпреварувањето во Првата македонска фудбалска лига за натпреварувачката сезона 2022/23.
Препорачано
Во продолжение, дописот од ФК Ренова до Фудбалската федерација на Македонија:
– Почитувани, со ова известување ве известуваме дека Фудбалски клуб Ренова АД с. Џепчиште, Тетово се откажува од натпреварување во прва МФЛ во сезоната 2022 год – 2023 год, додека во сите останатите младински категории клубот ќе продолжи со редовно натпреварување – стои во дописот на ФК Ренова АД.
Останува да се види дали ќе има замена за „гипсарите“ или ќе започне шампионатот со 11 екипи.
Како што е познато, првото коло во 1МФЛ ќе се одигра на 6 и 7 август, двојките се Шкендија – Скопје, Силекс – Работнички, Академија Пандев – Брегалница, Струга Трим Љум – Победа, Тиквеш – Шкупи, а Македонија Ѓ.П. требаше да биде домаќин на Ренова.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5