Филипинскиот претседател ќе апси невакцинирани 

Родриго Дутерте / Фото: Архива на Слободен Печат

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома, откако во државата е потврден најголем број новозаразени во изминатите три месеци.

Во телевизиското обраќање до нацијата, Дутерте рече дека ќе побара од водачите на заедницата да бараат невакцинирани луѓе и да се погрижат да не ги напуштаат своите домови.

– Ако ја напушти куќата и се движи низ заедницата, дозволено е да биде запрен. Ако се спротиставува, капетанот сега е овластен да апси непослушни лица, рече Дутерте.

Дневните инфекции со коронавирус на Филипините се највисоки од 26 септември со 17.220 нови случаи вчера, соопшти Министерството за здравство, вклучително и оние предизвикани од сојот омикрон. Новите случаи се трипати повеќе од вторникот, и вкупниот број на инфекции е над 2,88 милиони и има повеќе од 51.700 смртни случаи, втор најголем број заразени и починати со Ковид-19 во Југоисточна Азија по Индонезија.

-Јас сум одговорен за безбедноста и благосостојбата на секој Филипинец, нагласи Дутерте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот