Филипче: Успешно се амортизира ударот на коронавирусот, имаме линеарен пораст

Во изминатите 24  часа во државава се направени 496 тестирања на Ковид-19, од кои потврдени се позитивни 48 лица или вкупно 711. Направени се вкупно 7.067 тестирање. Од Клиниката за инфективни болести после два контролни негативни тест испишани се тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба, а пак примени се двајца нови пациенти.

Ова денеска на редовната прес-конференција го соопшти министерот за здавство Венко Филипче каде информираше дека на Клиниката за инфектини болести хоспитализирани се вкупно 66 пациенти, од кои осум се на механичка вентилација со тешка форма на болеста.

-Во болницата 8 Септември хоспитализирани се 21 пациент од кои шест се на респираторна машина. Во болницата во Битола се четворица хоспитализирани кои се со лесна форма на болеста. Во болницата во Штип примени се уште четири пациенти или вкупно осум и сите имаат лесна форма на болеста, соопшти Филипче.

Од денеска регистрираните на коронавирусот, од Скопје се 11,  Куманово 25, во Штип еден, во Прилеп четири, Тетово еден, во Струга три,  Охрид еден и во Гостивар два случаи.

Прочитајте и...  Во Словенија четири дена по ред нема новозаразени со коронавирусот

За дијагностицираните пациенти во Куманово, министерот информираше дека тие се лица кои биле со препорака за самоизолација кои во меѓувреме развиле симптоми заради тоа што биле во контакт со претходно дијагностицирани заболени лица од Куманово.

Министерот соопшти дека најмалиот пациент – бебето  е во стабилна состојба  и се наоѓа во Инфективната болница.

Во однос на починатиот притвореник позитивен на Ковид 19 од затворот во Шутка, министерот рече дека интензивно се работи со луѓето од затворот,  а напрвени се и прегледи од лекарски тимови кои продолжуваат  утре и задутре и земени се голем број  на тестови во текот на вчерашниот и денешниот ден, а ќе се анализираат сите луѓе кои се наоѓаат таму вклучително и персоналот на затворот.

-Во Агенцијата за храна и ветеринарство една вработена која повеќе од една недела не била на работа од 2 април била дома заради ротацијата на тимовите во институцијата. Седум колеги кои што биле во контакт со заболената се во домашна изолација.  Во објектот на институцијата се работи на детална дезинфекција и чистење, истакна Филипче.

Прочитајте и...  Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и ветер

Во однос на реакциите во јавноста во врска со тестирањето на лидерите на двете најголеми политичкки партии во државава, министерот рече дека тоа не е политички приоритет туку дека тоа меѓу другото е направено и за заштита на многу други кои секојдневно се во контакт со нив.

-Тие се експонирани во јавноста, имаат интензивни контакти со многу луѓе, со претставници на инститициите со министри во владата  и сакам јасно да кажам дека тука не станува за политички приоритиети туку за заштита на државните интереси и зачувување на функционаланоста на институциите, посебно во моменти на криза. Тоа се луѓе коишто имаат интензивни конткати со претставници на медиумите коишто се еден од нашите најсериозни и најголеми партнери во оваа битка против коронавирусот и во таа смисла една од целите беше да  се заштитат и претставниците на медиумите и вработените каде што двајцата лидери често настапуваат, гостуваат и даваат интервјуа, појасни Филипче.

Прочитајте и...  Мицкоски испрати честитка по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Министерот на прес-конференцијата потсети дека пред нас е викендот кој ќе биде затворен за движење од денеска од 16 часот до понеделник на територијата на цела држава.

-Јас верувам дека сите граѓани ја разбираат потребата од ваквите мерки и знам дека е тешко да се седи дома после вакво убаво време, но токму во овие услови мора да се покаже максимална одговорност и секој од нас да се придржува кон она што е пропишано, истакна Филипче.

Нагласи дека оваа состојба нема да трае долго, до колку се придржуваме до мерките. Потенцира дека е многу битно што  има линеарен пораст  на бројот на пациенти, што значи дека успешно се амортизира ударот, во смисла на бројот на пациенти кои се примаат во клиниките.

Министерот Филипче  информираше дека од почетокот на следната недела ќе почнат подготовките за денот кога, како што рече, нашите животи  постепено ќе ги вратиме во нормален колосек, кога ќе продолжи работниот процес во секоја компанија, рестораните, угостителските објекти, продавниците…

Прочитај повеќе

Кој е посилен од државата?

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат

Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Слободен печат

Земјотрес го погоди Иран, најмалку 6 лица повредени

Слободен печат

Јовески: Поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

Слободен печат

Најмалку 107 лица заразени со коронавирус на миса во Франкфурт

Слободен печат

Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Слободен печат