Филипче: Уште еден пациент поврзан со докторката од Кожната клиника е заразен со коронавирусот (ВИДЕО)

Се спрема испуст на уште една пациентка, која има два последователно негативни тестови, и таа ќе биде пуштена на домашно лекување.

Министерот за здравство Венко Филипче во моментов одржува прес-конференција во Владата, на која ги изнесе најновите податоци за новозаболените 24 пациенти од коронавирусот во земјава, кои се евидентирани во последниве 24 часа.

– Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лице – истакна министерот.

Има уште еден пациент кој е зарзен со вирусот, а поврзан со лекарката од Кожната клиника, рече Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (123), Дебар (43) од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Гостивар (1), Тетово (1) – рече Филипче.

Министерот истакна дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат. Се спрема испит на уште една пациентка, која има два последователно негативни тестови, таа ќе биде пуштена на домашно лекување.

– Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има тројца излекувани пациенти и тројца починати – рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот