Филипче: Седуммина болни од Ковид-19 кои се во Инфективна се во критична фаза

Министерот за здравство денеска потврди дека еден затворен од „Шутка“ починал од коронавирус.

На Клиниката за инфективни болести примени се пет нови пациенти. Сега вкупно има 68. Со потешка здравствена состојба се 20 пациенти, од кои 7 се во критична фаза и се приклучени на респираторни машини. Хоспитализирана е и мајка и четиримесечно бебе. Тие имаат стабилна клиничка слика и постојано се под надзор. Денеска кај четворица кои се лекуваат на Клиниката се чека да пристигне и вториот контролен тест и ако и тој е негативен тие ќе бидат пуштенина домашно лекување, изјави на денешната прес конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.

– Дваесет и пет пациенти има во болницата „8 Септември“ и шест од нив се во тешка состојба и се на респираторни машини приклучени. Во болницата во Битола тројца се во стабилна состојба од четворица вкупно хоспиртализрани, а во Штип има четворица се хоспитализирани. Во изминатите 24 часа направени се 341 тестирање, а до денес направени се вкупно 6.571 тестови. Денеска во Министерство за здравство се отвараат понудите за набавката на респираторните машини и во тек се постапки за набавка на реагенси и заштишта опрема. Денеска ја објавивме и листата на донатори, а на сметката на која се собираат донации има 60 милиони денари. Од Домот за стари лица во Битола има еден штитеник кој болнички згрижен и тој е позитивен на Ковид-19. Во двете институции се дадени насоки за темелно чистење на просториите – рече Филипче.

Тој нагласи дека мерките кои ги спроведувале се најстроги, но се подготвувале и за периодот кон крајот на април кога се очекува да биде пикот на болеста. Нагласи дека постепено животот нема наеднаш да се врати во нормала бидејќи секогаш постои ризик и за втор пик.

– Ги повикува граѓаните да ги почитуваат сите мерки. Блиску сме до целта, а таа да е да го спречиме ширењето на вирусот – нагласи Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот