
Филипче повикал пензионирани инфектолози кои се волни да помогнат
Во Португалија се повикани пензионираните лекари да помогнат на пациентите, Филипче ги повикал и нашите искусни доктори.
Министерто за здравство Венко Филипче гостуваше во студиото на Нова ТВ, каде меѓудругото, говореше за состојбата на пацинетите кои се позитивни на корнавирусот, каде рече дека ги контактирале и пензионирате доктори кои се во можност да помогнат за новонастанатата состојба.
Препорачано
Во Португалија се повикани пензионираните лекари да помогнат на пациентите, Филипче ги повикал и нашите искусни доктори.
-Тоа се инфектолози, 7-8 на број, дел од нив се пензионирани изминатаве година –две. Тоа се луѓе во добра психофизичка сотојба и се волни да се приклучат на кадарот. Така, да не се плашиме во однос на кадарот, на Инфективна се направи прераспределба на кадарот, бидејќи може да се случи и медицинскиот кадар да се разболи- рече Филипче.
Во однод на пикот на вирусот и кога тоа и дали ќе се случи, Филипе рече дека тоа никој не го знае.
-Многу е тешко да се даде некоја таква процентка за било која земја, вклучувајќи ја и нашата. Фазите се знаат, кога се појавуа нова епидемија, најпрво е фаза на откривање, па на истражување, па дијагностицирање. Радикалните мерки во Италија веќе придонесуваат да се намали бројот на заразени- вели Филипче.