Филипче: Починат човек не може да пренесе вирус, полицаецот што правел увид носел соодветна опрема

Министерот за здравство Венко Филипче даде објаснување за починатите лица, односно мајката и синот од Велес

-Нас ни беше од интерес да го дознаеме датумот на настанување на смртта на лицата од Велес заради коронавирусот. Таа информација кога немало никаде вирус ќе беше интересна и ќе навлезевме во други испитувања и ќе го известемве СЗО. Починат човек не може да го пренесе вирусот. Колку што сум јас инфориран полицаецот носел соодветна опрема за време на увидот, но сите други аспекти не се од наш интерес. Сите други аспекти треба да ги сработат други институции, рече министерот.

Во врска со тоа дали жената од Велес ќе се смета како почината од коронавирус, Филипче рече дека ќе мора да се консултираат епидемиолози, но според него би требало.

Тешко е да се каже, мора да се консултираме со епидемиолози, јас лично сметам да, рече Филипче

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот