Филипче: Ние не спиевме за време на пандемијата и ја менаџиравме кризата

Венко Филипче/ Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната трибина на СДСМ во Гостивар, зборуваше за третманот на пациентите, за тоа како ќе продолжи да се одвива истиот во иднина, но и за пандемиајта со ковид-19. 

– По 70 години нашите пациенти може да добијат, нова современа медицинска услуга во еден систем кој пружа многу помодерна здравствена заштита. Нема да застанеме тука ќе ги слушаме барањата на пациентите и на граѓаните за да го надградуваме нашиот медицински ситем. Само тука во гостиварската болница се реновираше хируршото оделение, операциските сали, се купи нов апарат за рендген, а за нецели 2 месеци за првпат во историјата на градот оваа болница ќе добие апарат за магнетна резонанса и ќе нема потреба да се патува во Скопје или во било кој друг град –  рече Филипче.

Тој го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека за време на пандемијата постојано ширел лажни вести и клеветеле.

– Знаеме дека нивните закани се закани на страв и несигурност, додека ние не спиевме да ја менаџираме кризата тие се будеа со идеи како политички да профитираат – истакна Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот