Фото: Зоран Русмир

„Фиглмулер“ повторно прогласен за „најлегендарен ресторан на светот“

Kога зборуваме за најдобрите ресторани на светот, често се истакнуваат локали кои ги поместуваат границите на кулинарcката уметност и иновациите. Меѓутоа, според изборот на „Тејст Атлас“ (Taste Atlas), „Фиглмулер“ (Figlmüller) во Виена докажува дека традицијата, едноставноста и квалитетот можат да бидат подеднакво силна формула за успех. Како најлегендарен ресторан на светот, „Фиглмулер“ не само што ја освежува традицијата на виенската шницлa , туку продолжува да биде неизбежна точка на кулинарската карта на светот.

Сопствениците и љубителите на традиционалната виенска кујна повторно имаат причина за славје. Фиглмулер, познат како рај за љубителите на виенската шницлa, по втор пат беше прогласен за најлегендарен ресторан на светот. Оваа престижна титула му беше доделена на виенскиот ресторан врз основа на глобалното натпреварување кое го организира меѓународниот сајт за прегледи на храна „Тејст Атлас“. Оваа награда, која „Фиглмулер“ ја освои и минатата година, доаѓа како резултат на вкупниот историски значај, јавните оценки и повратните информации од заедницата која ги следи локалните ресторани низ целиот свет.

Ресторанот, кој е во сопственост на семејството веќе четири генерации, го освои првото место, и покрај силната конкуренција од глобални кулинарски институции. На второ место се најде најпознатата пицерија на светот, „Л’Антика Пицерија дe Микеле“ (L’Antica Pizzeria da Michele) во Наполи, додека на трето место се смести чувената баварска пивница „Хофбраухаус“ (Hofbräuhaus) од Минхен. „Фиглмулер“, кој е основан 1905. година како мал вински ресторан, денес се гордее со статусот на културен споменик во Виена. За многу туристи и локални посетители, ресторанот е многу повеќе од место за оброк – тој е симбол на виенската традиција, гостопримство и стабилност. Иако рестораните кои користат иновативни техники и необични состојки често се во центарот на вниманието, „Фиглмулер“ е доказ дека долговечни институции кои служат традиционални јадења можат да го имаат истoтo глобалнo внимание.

Фото: Зоран Русмир

Не е случајно што ресторанот стана симбол на градот. Посетители од целиот свет доаѓаат во Виена токму поради виенската шницлa, јадењето кое стана синоним за локалната кујна, а коja „Фиглмулер“ ja сервира во големина и квалитет кои го прават неcпоредлив. Шницлата којa се служи тука, еднa од најголемите во градот, стана икона, привлекувајќи љубители на храна кои сакаат да уживаат во овој специјалитет во неговото автентично опкружување.

Иако „Фиглмулер“ го освои првото место, конкуренцијата во трката за најлегендарен ресторан беше исклучително силна. На второ место, со своето долго историско наследство и култен статус, се најде пицеријата „Л’Антика Пицерија дe Микеле“ од Наполи, која стана позната низ целиот свет по тоа што беше спомната во книгата и филмот „Јади, моли се, љуби“ (Eat Pray Love). Нејзината препознатлива Маргaрита пица, која е едноставна, но совршена, постави стандард за пицериите низ целиот свет.

На трето место е „Хофбраухаус“ во Минхен, пивница која датира од 1589. година и која се смета за еден од најважните симболи на баварското пиварство и кулинарcката традиција. Овој ресторан е познат по својата традиционална баварска кујна, а посебно по печената свинска коленица (Schweinshaxe), која стана неизбежен дел од баварската гастро-сцена. Платформата „Тејст атлас“, која го создаде ова рангирање, ја истакна важноста на културното наследство, историјата и традицијата во изборот на најдобрите ресторани на светот. За разлика од другите рангови кои фаворизираат најновите трендови и иновативни кујни, „Тејст атлас“ се фокусира на ресторани кои имаат значајна културна вредност и кои за време на годините изградиле верна заедница на посетители.

Во овогодинашниот избор, „Фиглмулер“ го освои првото место како ресторан кој влезе во срцата и души на локалните, така и на странските посетители. Со својата традиција и посветеност на едноставниот, но извонреден мени, „Фиглмулер“ стана синоним за врвна, но пристапна виенска кујна. Занимливо е што „Тејст атлас“ ги рангираше рестораните од различни делови на светот, меѓу кои се наоѓаат многу познати локации како „Кац’c Деликатесен“ во Њујорк (кој е на осмото место), култното место за јадења од костени „Дин Тај Фунг“ во Тајпеј (на 16-то место) и престижниот „Кафе Империјал“ во Прага (на 23-то место). Овој глобален пристап дава уште поголема тежина на изборот, бидејќи рестораните се избираат не само на основа на тековната популарност, туку и на основа на нивната историјска и културна важност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот