Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ФИБА со остра осуда на инцидентот во Куманово
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) остро го осуди говорот на омраза и отвори истрага против македонската кошаркарска федерација по инцидентот на натпреварот меѓу Македонија и Романија кој се оддржа на 3 август во Куманово каде што дел од навивачите упатија навредливи зборови кон Албанците, додека македонските државни функционери пасивно набљудуваа од трибините.
Препорачано
„ФИБА безрезервно и остро го осудува говорот на омраза и дискриминаторскиот или расистички јазик во каква било форма. Активно ја промовираме изградбата на инклузивна и почитувачка средина за сите играчи, тимови и навивачи како врвен приоритет во спортот“, велат од ФИБА.
Од основното јавно обвинителство Куманово вчера соопштија дека собираат снимки со цел да се идентификуваат сторителите и се во тесна соработка со вклучените национални федерации, како и со локалните власти и органите на редот.
За инцидентот се огласија министерот Тошковски и премиерот Мицкоски кои се спротиставија на „ксенофобичното и националистичко скандирање“ и посочија дека станува збор за поединци.
Од ДУИ, пак, велат дека „на настанот се слушнале антиалбански слогани, расистички скандирања и чист етнички говор на омраза против Албанците“.
Реакции имаше и од политичката партија СДСМ, коалицијата ВРЕДИ, како и од политичари во Косово и во Албанија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
58мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5