ФДА ги одобри обновените ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Вакцини / Фото: EPA-EFE/DEDI SINUHAJI

Управата за храна и лекови на САД (ФДА) денеска ги одобри за употреба новите засилувачки вакцини на Фајзер и Модерна за ревакцинација од ковид-19, способни за заштитат од сојот Омикрон БА.4 и БА.5.

ФДА одобри вакцините да се примаат не порано од два месеца по последната вакцинација. Период што е пократок од претходно препорачаните интервали.

Обновената вакцина на Модерна е одобрена за лицата постари од 18 години, додека на Фајзер ќе биде достапна за лицата на 12 години возраст, се наведува во соопштението на ФДА.

„Затоа што доаѓа есен и сѐ повеќе време поминуваме во затворени простории, препорачуваме сите кои се во тие категории да ја разгледаат можноста за примање на дополнителна доза на вакцина, за да се обезбеди подобра заштита од актуелните се уште циркулирачки соеви“, изјави претставникот на ФДА, Роберт Калиф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот