Фаучи повторно контра Трамп: Ковид-19 прави поголема штета во организмот од сезонскиот грип

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи го негира тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека коронавирусот е смртоносен исто колку и грипот. Тој потсети дека симптомите се слични, но дека штетата што коронавирусот ја предизвикува врз организмот е значително поразлична од онаа предизвикана од грип, пренесува телевиизјата „Ен-Би-Си“.

Трамп претходно на Твитер напиша дека доаѓа сезоната на грип и дека секоја година многу луѓе умираат како последица на тоа и покрај тоа што има вакцина.

– Дали ќе ја затвориме државата? – Не, научивме како да живееме со грип, исто како што научивме да живееме со коронавирусот, кој за поголем дел од популацијата е помалку смртоносен”, напиша Трамп.

Фаучи во друго интервју процени дека можеше да се спречи минатонеделното проширување на инфекцијата со коронавирус во Белата куќа. Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е позитивен на коронавирусот, повеќе негови блиски соработници ги добија истите симптоми и резултати.

– Погледнете што се случи неделава во Белата куќа, рече Фаучи во интервјуто, одговарајќи на прашањето што би ги советувал луѓето што разговараат за превентивни активности со роднини кои сметаат дека пандемијата е измама.

– Тоа е реалност. И секој ден се повеќе и повеќе луѓе се заразуваат. Тоа не е измама. Несреќна е ситуацијата кога ќе видите такво нешто, а можело да се спречи”, рече Фаучи.

Од почетокот на пандемијата, Фаучи повеќепати се судри со Трамп, затоа што претседателот ги релативизира ризиците од коронавирусот. Досега во САД починаа над 210.000 лица, а повеќе од седум милиони се заразени со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот