Фаучи: Ми беше непријатно во Белата куќа под Трамп каде се ширеше корона вирусот

Фото: EPA-EFE/Al Drago / POOL

Водечкиот американски експерт за за заразни болести Ентони Фаучи и главен медицински советник за коронавирус на американскиот претседател Џозеф Бајден  откри дека се чувствувал непријатно кога одел во Белата куќа кон крајот на минатата година кога многу луѓе во резиденцијата на тогашниот американски претседател Доналд Трамп биле заразени со корона вирус, пренесува Гардијан. 

Фаучи кој има 80 години рече во интервју за порталот Аксиос изјави дека бил свесен дека е во висок ризик од сериозен исход ако се зарази.

„Не мислев постојано на тоа, но ми беше во потсвеста бидејќи морав секој ден да одам во Белата куќа, која беше место на големо ширење на вирусот. Поради тоа се чувствував малку непријатно“, рече Фаичи. 

Минатиот октомври тогашниот американски претседател Доналд Трамп беше заразен со корона вирус, по церемонијата во градината на розите, на која ја претстави Ејми Кони Барет а свој кандидат за судија на Врховниот суд. На настанот беа присутни многу луѓе, од кои многу не неоселе маски.

Најмалку седум лица кои присуствувале на церемонијата на тестирањето биле позитивни на корона вирусот, вклучувајќи го и Трамп, неговата поранешна советничка Келиен Конвеј и двајца републикански сенатори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот