Фатен крадецот кој однесе сметки од сефот на битолска аптека

Фото: илустрација / архива

По интензивна потрага, битолската полиција доцна попладнево го пронајде и го уапси крадецот кој утрово ограби аптека во центарот на градот.

Тој е изведен пред судија, кој му одреди 30-дневен притвор.

Крадецот утринава околу шест часот влегол во аптека во строгиот центар на Битола и украл повеќе коверти со сметки од сефот во магацинот на аптеката. По апсењето, тој признал уште две разбојништва кои ги направил во минатата година, информираат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот