Фантастичниот Шортс уште еднаш блесна и донесе трофеј за Париз во Еврокупот и промоција во Евролигата

Фото: Paris Basketball

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс одигра уште еден одличен натпревар за тимот на Париз и на овој тим му го донесе трофејот во Еврокупот. Освојувањето на Еврокупот значи и дека овој тим обезбеди промоција во Евролигата.

Зад себе Американецот со македонски пасош има уште една сезона за паметење откако минатата година беше МВП на Лигата на шампионите на ФИБА, сезонава го доби истото признание и во Еврокупот.

Вечерва Париз славеше и во вториот финален натпревар против Бург со резултат 81:89. Шортс повторно беше најдобар поединец со 22 поени, пет скока и шест асистенции.

Париз доминираше во Еврокупот, а доказ за тоа се 22. и само еден пораз од почетокот на европската сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот