Тејлор Свифт / Фото: Инстаграм/ Taylor Swift

ВИДЕО | Фановите во паника: Тејлор Свифт откри дали ќе се повлече од музиката по свадбата со Тревис Келси

Популарната пејачка Тејлор Свифт (35), која пред неколку дена го издаде новиот албум „The Life of a Showgirl“, гостуваше во емисијата на „Би-би-си Радио 2“ кај Скот Милс. Во интервјуто, Милс ѝ постави изненадувачко прашање, дали планира да престане да се занимава со музика откако ќе се омажи за својот вереник, Тревис Келси (36), пренесува „Ел“.

Свифт со насмевка, но и доза на шок, одговори дека тоа е навистина навредливо прашање и дека луѓето не се венчаваат за да дадат отказ од работата. Таа призна дека слушнала за шпекулациите меѓу фановите, кои се загрижиле дека по свадбата ќе се повлече од сцената, но додаде дека го сака човекот со кој е токму затоа што тој го сака тоа што го прави.

„Тој ја почитува мојата уметност, мојата страст и тоа е најубавото нешто кај Тревис, и самиот е толку посветен на својата работа, што нашата страст кон она што го правиме нè поврзува“, рече Свифт.

Пејачката истакна дека најубавото нешто е што можат да се поддржуваат еден со друг, иако нивните професии се толку различни, но сепак имаат и многу заедничко.

Што се однесува до свадбата, Свифт вели дека не брза и дека сè прави чекор по чекор, моментално фокусирана на музиката. Инаку, новиот албум веќе руши рекорди, пред излегувањето биле направени над 63 милиони нарачки, со што е надминат успехот на минатогодишниот проект „The Tortured Poets Department“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот