Европскиот сојуз за промена ќе го бојкотира Собранието додека на дневен ред не дојде нивниот кандидат за член во ДИК

фото: МИА, Албанска опозиција од коалицијата „Европски сојуз за промени“

Европскиот сојуз за промена – коалиција на опозицискиот албански фронт Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива, апелира до претседателот на Собранието, Талат Џафери да не го узурпира правото на опозицијата да биде застапена во Државната изборна комисија. Од коалицијата велат дека ДУИ по секоја цена измислува пречки за да создаде предуслов за манипулација на изборниот процес со цел да го ублажат поразот на изборите.

Како да не се доволни партиските вработувања, наместените тендери, притисоците врз судиите, партиските портали, притисоците врз сите што не мислат како нив, a сега очите им се вперени и во ДИК. Затоа, тука сме да изјавиме дека од денеска, пратеничката група на Европскиот сојуз за промени нема да учествува во работата на Собранието, сè додека на дневен ред на пленарна седница не се стави нашиот кандидат за член на ДИК, Абдуш Демири. Ова е само првиот чекор. Очекуваме македонската опозиција да остане лојална на изјавата дека ќе ја напуштат ДИК доколку албанската опозиција не постави свој член во ДИК – порачаа од Европскиот сојуз за промена.

Тие упатија апел и до стратешките сојузници, САД и земјите од ЕУ, да престанат со оваа узурпација на ДИК наметната од ДУИ, која сакајќи да избега од загубата, сака да предизвика тензии, а вината да ја препушти на некој друг.

Оваа метода веќе не поминува. Срамота е за една земја членка на НАТО, која чека да започне преговори за влез во ЕУ, да проблематизира вака јасно и правно прашање само затоа што ДУИ не сака да оди во опозиција. Но како и да е, Европскиот сојуз за промени ќе победи со или без членот во ДИК. Ние сигурно нема да дозволиме да се краде волјата на граѓаните и секој глас ќе го браниме со живот, но нека знаат дека и овој напор не ги спасува од пораз. Прво ќе ги поразиме па потоа ќе ги казниме за овие прекршувања на законот – се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот