Национална алијанса за интеграција Фото: Фејсбук Ахмети

Европскиот фронт на изборите ќе настапи ребрендиран во Националната алијанса за интеграција

Предизборно Европскиот фронт го напушти Демократската партија на Турците, која на изборите ќе настапи самостојно и ДПА на Мендух Тачи, која нема да учествува со листи за градоначалници и за советници на локалните избори.

Европскиот фронт се ребрендира и на локалните избори закажани за 19 октомври ќе настапи под логото Националната алијанса за интеграција (НАИ), информира преку Фејсбук лидерот на ДУи Али Ахмети.

„Живееме во тешки времиња и ние Албанците сè помалку сме почитувани од актуелната власт, која нема албански етнички легитимитет. Но, иако времињата се тешки, ние во ДУИ никогаш не ја забораваме европската дестинација до која сакаме да стигнеме. Денес е потребно единство, прво меѓу сите Албанци, кои треба да се застапуваат едни за други, но и меѓу сите оние кои не се откажуваат лесно и кои веруваат дека можеме да изградиме подобра иднина за нашите деца. Како што се обединуваме, да не ги заборавиме лекциите од горчливото минато и секогаш имајте на ум дека нашата иднина е интеграција во големото европско семејство. Ова е заветот на победа, вера и европска интеграција. Здружувањето е наша порака: само заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, порача Ахмети.

Предизборно Европскиот фронт го напушти Демократската партија на Турците, која на изборите ќе настапи самостојно и ДПА на Мендух Тачи, која нема да учествува со листи за градоначалници и за советници на локалните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот