Еврокомесарката за миграција и честиташе на Албанија за достигнувањата во безбедноста и миграцијата

фото миа

Еврокомесарката за внатрешни работи задолжена за миграција, Илва Јохансон и честиташе на Албанија за постигнатиот напредок, особено во последната година, за прашања поврзани со правдата и внатрешните работи, безбедноста и миграцијата.

– За мене е задоволство да бидам во Тирана по поканата што ми беше упатена и отворената и искрена дискусија со премиерот Еди Рама. Разговаравме за многу работи, но една од главните пораки што ги дадов тука е да и честитам на цела Албанија за нејзините достигнувања, особено во текот на минатата година, во безбедноста и миграцијата. Текот и напредокот на Албанија минатата година е многу добар и затоа беше одлучено да се отворат преговори и во декември видовме дека се исполнети сите услови за првата меѓувладина конференција, рече Јохансон.

Таа ја истакна потребата од подобра полициска соработка и сузбвање на криминалот во земјата.

– Албанија и ЕУ имаат соработка со сите агенции во областа на правдата и внатрешните работи. Тоа е модел што сакаме да го повториме во сите земји од Западен Балкан. Задоволна сум и од големите реформи во земјата, како што се судските реформи и законот за азил кој Албанија успеа да ги донесе. Се разбира, постојат многу области за подобрување. На пример, проблемот со неоснованите апликации за азил во некои од земјите-членки на ЕУ, рече комесарката.

Таа се осврна и на изборите на 25 април, нагласувајќи дека сите партии мора да преземат одговорност и да го имаат предвид интегритетот на кандидатите кои ќе се најдат на кандидатските листи.

Еврокомесарката се сретна и со шефот на државата Илир Мета, кој по средбата објави дека имале „отворен и плоден разговор околу итните предизвици на европскот пат на Албанија”.

– И се заблагодарив за сеопфатната поддршка што ЕУ и ја дава на нашата земја, вклучително и спречување и управување со илегалната имиграција преку соработка со Фронтекс. Ја истакнав важноста што ќе ја има спроведувањето на слободни и фер избори за европскиот пат на Албанија, истакна Мета.

Тој посочи дека „по изборите на 25 април 2021 година, организираниот криминал ќе добие решавачки удар и Албанија ќе се врати на колосекот на владеењето на правото и целосното почитување на човековите права”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот