Евро 2024, Далиќ: Хрватска е во најтешката група, клучен ќе биде мечот со Италија

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Фудбалската репрезентација на Хрватска ги дозна своите противници во групата на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули следната година ќе се одржи во Германија.

„Коцкестите“ во групната фаза ќе играат против селекциите на Шпанија, Италија и Албанија.

Свој коментар за жрепката имаше хрватскиот селектор Златко Далиќ кој вели дека клучниот дуел за пласман во следната фаза ќе биде оној против актуелниот европски шампион, Италија:

– Ова е најтешката група, играме против актуелниот шампион на Европа, Италија, и против актуелниот освојувач на Лигата на нации, Шпанија. Трети сме во светот и затоа ова е најтешката група. Албанија исто така одигра добро во квалификациите. Италијанците имаат свој квалитет и многу добар тим, мораме уште малку да ги проучуваме Албанците. Мислам дека третиот натпревар против Италија ќе биде клучен. Нашата цел сега е да ја поминеме групната фаза. Играме во три градови на север и ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи – изјави Далиќ за „ХРТ“.

Во групата „Б“ на Евро 2024 Хрватска својот прв меч ќе го игра на 15 јуни во Берлин против Шпанија, четири дена подоцна во Хамбург против Албанија и на 24 јуни во Лајпциг против Италија.

За Хрватите ова ќе биде седмо учество на европските првенства, најдобриот пласман го имаа на ЕП 2008 кога стигнаа до четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот