Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната

Фото: РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер со денешните медицински тестови ги започна подготовките за пролетниот дел на сезоната 2022/23.

Тренерот Ларс Валтер денес ги собра ракометарите во спортската сала „Боро Чурлевски“ и им ја соопшти агендата на подготовки до крајот на јануари. Ракометарите ќе тренираат во следните две недели во Битола, до крајот на неделата и двапати дневно.

Од 26 јануари Врбас ќе биде база на пелистерци, а на 29 јануари и 2 февруари планирани се и два натпревари од СЕХА Гаспром лигата. Враќањето во Битола е предвидено за трети февруари.

На прозивката отсутни беа репрезентативците Кузманоски, Кизиќ, Пешевски, Павле Атанасијевиќ, Костески (Македонија), Лесјак (Словенија) и Радовиќ (Црна Гора).

Комплетно заздравен е Мартин Велковски, кој не настапи во првиот дел од сезоната. Заради повреда пролетниот дел ќе го пропушти Руди Сери. Во Битола веќе пристигнаа и интернационалците Дејвис, Васиљев, Хосни, Хенеберг и Суси. Мохамед Суси ја минува фазата на рекуперацијата по зафатот на коленото во ноември 2022 година и лекарските прегледи ја покажуваат неговата еволуција и одличен напредок. Се очекува негов настап на пролетните натпревари во Суперлигата, Купот на Македонија и ЕХФ Лига Европа. Првиот европски натпревар во 2023 година, Еурофарм Пелистер ќе го одигра на седми февруари во Данска против Архус.

„Почнуваме денес и првата недела ќе биде физички тренинг. Потоа ќе почнеме да се фокусираме на одбраната, иако не се тука сите ракометари заради обврските кон националните тимови. Но, мора да ја одработиме програмата, иако многу напорна ќе биде првата недела. Потоа ќе внесеме повеќе ракомет и тактика на тренинзите и следната недела планираме контролен натпревар против Еурофарм Пелистер 2. На 26 јануари ќе работиме на мал тренинг камп во Србија. Ќе играме СЕХА натпреварите против Војводина и на враќање од подготовките против Нексе Нашице. Се надевам дека тогаш ќе бидеме во фаза во која треба да бидеме од подготовките. Ќе видиме како Велковски и Суси ќе реагираат, оваа недела е период на тестирања. По неколку минути можам да видам дека Суси не е на нивото на кое сакаме да биде, но верувам дека во наредните неколку дена ќе биде подобро“, изјави тренерот Ларс Валтер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот