Еурофарм Пелистер 2 против Куманово ја прекина серијата порази

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Вториот тим на Еурофарм Пелистер 2 по серијатап орази ја запишаа и втората победа во групата А на Суперлигата и така ги задржаа шансите за место во плеј-офот.

Избраниците на Михаил Петровски денес беа подобри од Куманово со 38:29 и тоа за младите „пелистерци“ беше втора победа во седум натпревари. Битолскиот состав одлично го отвори натпреварот и победата ја најви со водство од 7:1.

До крајот на првиот дел Куманово го подигна нивото на игра и успеа да дојде до „минус четири“ (19:15).

Сепак, второто полувреме одново доноесе цврста игра на одбраната на битолчани, па така не дозволија некаков пресврт. Како што одминуваа минутите стануваше јасно дека Куманово нема сили за пресврт, па мораше да се помири со поразот.

Симон Мирчевски беше најефикасниот во редовите на победничкиот тим со осум постигнати гола, Калајџиовски псотигна шест, а Трпчевски пет. Во редовите на Кумано Дарко Симоноски се издвои со седум погоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот