ЕУ повторно ја предупреди Будимпешта, се закани со суспензија на европските фондови

Фото EPA-EFE/MARTON MONUS HUNGARY OUT

Европската комисија испрати ново предупредување до Унгарија поради непочитување на владеењето на правото, а процедурата може да доведе до суспензија на некои фондови кои и се даваат на земјата.

„Европската комисија смета дека Унгарија не доставила соодветни корективни мерки”, се наведува во соопштението на Комисијата, потврдувајќи ја информацијата на унгарскиот весник „Непсава”, пренесе Бета.

На крајот на април, Брисел покрена механизам за условување против Будимпешта, кој досега не беше користен во ЕУ, поради загриженоста за користењето на европскиот буџет од Унгарија.

Тоа е поврзано со спроведувањето на јавните набавки, недоволната контрола и транспарентност во користењето на средствата и недоволната борба против проневера и корупција.

Сепак, одговорот на Унгарија на покренувањето на таа постапка беше оценет како недоволен и комесарот за буџет Јоханес Хан доби задача денеска да испрати ново писмо до унгарските власти.

Во дописот ќе бидат предложени мерки во однос на суспендирање или намалување на одредени европски фондови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот