ЕУ: Нападите врз цивилни цели се воени злосторства, извршителите на овие дела во Украина ќе одговараат

ЕУ силно ги осудува руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во Украина и ја повикува Русија веднаш да престане со својата нехумана и незаконска агресија, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

– Русија продолжува да го тероризира цивилното население во Украина, се наведува во соопштението, при што се потсетува дека во вчерашниот „грозоморен и варварски ракетен напад“ на пазар во градот Костјантиновка во регионот Доњецк загинаа најмалку 16 лица, меѓу кои и едно дете, а десетици други беа повредени.

ЕЕАС посочува дека овој напад доаѓа по ескалацијата на ракетни и беспилотни напади во изминатите месеци низ цела Украина, особено врз цивилни објекти, при што само во последните две недели загинаа или беа повредни над 410 цивили.

– Тоа се надоврзува на секојдневното неселективно руско гранатирање и бомбардирање на позиции во близина на фронтот, што резултира со стотици цивилни жртви, се наведува во соопштението, при што се додава дека нападите врз цивили претставуваат воени злосторства и дека сите команданти, извршители и соучесници во нив ќе одговараат за овие дела.

Од ЕУ посочуваат и дека Русија ги интензивирала и нападите врз клучните објекти за извоз на украинско жито.

– Ова дополнително покажува како Русија ја влошува глобалната криза со безбедноста на храната со својата нелегална агресивна војна против Украина, но исто така целосно ја прикажува логиката на Русија за максимизирање на својот економски профит на сметка на Украина, ставајќи намерно во опасност милиони најранливи луѓе ширум светот, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот