ЕУ ја поздрави Резолуцијата на СБ на ОН за осуда на нападите на Хутите врз бродовите во Црвеното Море

Жосеп Борел / Фото EPA-EFE/WU HAO

Одржувањето на слободата на пловидба во Црвеното Море е од витално значење за слободниот тек на глобалната трговија и регионалната безбедност, наведува високиот претставник на ЕУ во писмената изјава по повод усвојувањето на Резолуцијата 2722 на Советот за безбедност на Обединетите нации со која, како што вели, „остро се осудуваат нападите на Хутите врз бродовите во Црвеното Море“.

Како што соопшти доцна синоќа Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Борел во изјавата нагласува дека со Резолуцијата се потсетува дека државите имаат право да ги бранат своите бродови од овие напади во согласност со меѓународното право.

– ЕУ го повторува барањето на Советот за безбедност на ОН веднаш да престанат овие напади, кои ја попречуваат глобалната трговија и ги поткопуваат навигациските права, како и регионалниот мир и безбедност, наведува Борел.

Тој во изјавата потенцира дека ЕУ бара воздржаност од Хутите за да се избегне понатамошна ескалација на состојбите во Црвеното Море и во поширокиот регион.

– Во овој контекст, ЕУ потсетува на обврската на сите држави да го почитуваат ембаргото за оружје според Резолуцијата 2216 (2015) на Советот за безбедност на ОН. ЕУ ќе продолжи да придонесува за регионалната стабилност, додава Борел во писмената изјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот