Ескобар: САД очекуваат по изборите да се формира Влада посветена на НАТО и на интеграцијата во ЕУ

Американскиот заменик помошник државен секретар, Габриел Ескобар, изјави дека САД го охрабруваат дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, којшто треба да остане заснован на факти и базиран на обврската дека Северна Македонија и натаму ќе има перспектива во ЕУ.
„Мислам дека имаме гаранции од Бугарија дека сакаат Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Северна Македонија треба веднаш да биде целосен кандидат за полноправно членство во ЕУ“, рече Ескобар, пренесе „Дојче Веле“.

Во врска со претстојните избори во Македонија, Ескобар кажа дека САД очекуваат и владата што ќе дојде по изборите да биде посветена на НАТО, ЕУ и борбата против корупцијата.

„Претходната Влада беше посветена на членство во НАТО и на пристапувањето во ЕУ и нашите очекувања се владата што ќе дојде по изборите да биде слично посветена на членството во НАТО, пристапувањето во ЕУ и на борбата против корупцијата“, изјави Ескобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот