Ескобар е задоволен од разговорот со Вучиќ: Што побрзо да се најде решение со Приштина

Лајчак, Вучиќ, Ескобар/ Фото МИА

Претставникот на Вашингтон за дијалог меѓу Белград и Приштина, Габриел Ескобар, вечерва изјави дека е задоволен од разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ и дека му се допаднале тонот и содржината на дискусијата.

Тој во интервју за „Еуроњуз Србија“ нагласи дека нема формален рок за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, но дека желбата е процесот што поскоро да заврши.

„Би сакале договор што е можно поскоро. Ако го има утре, ќе го прифатиме утре. Ако треба две години, тогаш две години. Но, мораме да продолжиме брзо, бидејќи со секоја конфронтација што ја гледаме меѓу Косово и Србија, станува сè поопасно“, рече Ескобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот