ештон качер мила кунис
Фото: EPA/MICHAEL NELSON

Eштон Качер се откажа од патувањето во вселената: Го премислила неговата сопруга Мила Кунис

Мила Кунис не била среќна кога сопругот ѝ рекол дека сака да лета во вселената.  Имено, Ештон Качер за „Cheddar News“ во четвртокот изјави дека купил билет за следниот лет на милијардерот Ричард Брансон, „Virgin Galactic“ и дека бил подготвен за патување во вселената – сè додека неговата сопруга Мила Кунис не „вмешала прсти“.

Качер го купил билетот уште во 2012 година, три години пред бракот со Мила Кунис. Но, откако ги добиле децата, тој вели дека сопругата му рекла дека не би било паметно да патува во вселената кога имаат деца дома, па на крајот актерот се откажал од таа идеја.

Брансон неодамна отпатува во вселената и стана првата личност која го напрви тоа во сопствената ракета. „Virgin Galactic“ планира уште еден пробен лет пред почетокот на вселенскиот туризам.

ВИДЕО: Милијардерот Ричард Бренсон полета во вселената и успешно се врати на Земјата

Компанијата веќе има повеќе од 600 потенцијални туристи кои сакаат да тргнат на ова уникатно патување.

Билетите прво чинеле 250.000 американски долари, но кога компанијата повторно ќе ги понуди, се верува дека цената ќе биде многу повисока.

 

„Требаше да бидам на следниот лет, но тоа нема да се случи“, рече Качер. Иако засега нема да лета во вселената, тој нема намера да се откаже од својот сон. „Во одреден момент, ќе одам во вселената“, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!