Ерменскиот премиер тврди дека земјата не учествувала во подготовката на текстот на договорот за прекин на огнот

Никол Пашијан/ Фото EPA-EFE/ARMENIAN GOVERMENT PRESS SERVICE

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека Ерменија не учествувала во подготовката на текстот на договорот за прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Пашинјан рече дека неговата канцеларија ја забележала одлуката дека властите во Нагорно-Карабах се согласиле на прекин на огнот, пренесе руската агенција Интерфакс.

Ерменија нема војници во Карабах од август 2021 година, додаде тој.

Ерменските сепаратисти ќе го прекинат огнот во Нагорно Карабах, постигнат договор за целосен прекин на непријателствата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот