Ерин Патерсон / Фото: EPA/JOEL CARRETT

Ерин Патерсон доби доживотна казна за смртоносниот ручек со отровни печурки

Ерин Патерсон од Викторија, Австралија, е осудена на доживотен затвор за убиство на тројца членови на семејството на својот поранешен сопруг со смртоносни печурки, пренесе „Скај њуз“.

Судијата Кристофер Бил на рочиштето во Врховниот суд на Викторија истакна дека долгорочното планирање на злосторството и недостатокот на каење се причина за изрекување на најтешката казна.

ВИДЕО | Им послужила телешко со најотровната печурка за ручек – дали Ерин Патерсон е убиец или само кутра домаќинка?

Патерсон во јули 2023 година организирала семеен ручек во Леонгата, на кој ги поканила Дон и Гејл Патерсон и сестрата на Гејл, Хедер Вилкинсон. Тие починале по консумирање на јадење со смртоносни печурки аманита фалоидес. Сопругот на Хедер, свештеникот Иан Вилкинсон, го преживеал труењето по трансплантација на црн дроб.

Иако тврди дека е невина и дека жртвите случајно биле отруени, истрагата утврдила дека Патерсон свесно ги послужила со отровни печурки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот