Ердоган влезе во Аја Софија, прва посета на претседателот откако ја претвори во џамија

Фото: Twitter

Аја Софија е на списокот на светското културно наследство на УНЕСКО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска беше во Аја Софија во Истанбул првпат откако таа минатата недела е претворена од музеј во џамија.

Ердоган ги набљудуваше работите на пренамената на оваа импознатна градба во џамија, соопшти неговиот кабинет кој објави фотографии сликани внатре во Аја Софија.

За неколку дена, односно во петок е предвидена првата муслиманска молитва, но засега не се знае дали тогаш ќе дојде претседателот на Турција.

Државниот совет, највисок управен суд во Турција, пресуди минатата недела во корист на групата која бараше да се поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година, со која Аја Софија е претворена во музеј, зошто се сомневаат во автентичнсота на потписот на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк на овој документ.

Ердоган веднаш по објавувањето на таа одлука издаде декрет за претворање на Аја Софија во Џамија.

По наводите на верските власти, 500 луѓе ќе учестуваат на првата колективна миса во петок во Аја Софија која на почетокот на својата историја била византиска катедрала. Се наведува дека христијанските икони ќе бидат прекриени со муслимански молитви.

Црквата Света Софија е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, веднаш откако војската на султанот Мехмед Освојувачот го разориле, зазеле и ограбиле Константинопол.

Пет векови подоцна, во 1935 година, во текот на проевропските реформи кога Турција ја предводеше Кемал Ататурк, претворена е во музеј. Аја Софија е на списокот на светското културно наследство на УНЕСКО.

Одлуката за претворање на Аја Софија во џамија предизвика критики ширум светот, посебно во Грција која византискиот период го смета за дел од својата историја и култура.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот