Ердоган вели дека Нетанјаху на крајот ќе ја плати цената

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на крајот ќе ја плати цената за, како што рече, „израелските масакри во Газа“.

Турскиот лидер во обраќањето пред новинарите во неговиот претседателски авион истакна дека во моментов меѓу 60 и 70 отсто од Израелците се против Нетанјаху и дека ситуацијата за израелскиот премиер само ќе се влошува.

Ердоган смета дека не е во интерес на палестинскиот Хамас да држи цивили како заложници и дека групата е подготвена да ги ослободи, но мора да бидат ослободени и Палестинците затворени во Израел.

Тој зборуваше и за самитот на Организацијата за исламска соработка што ќе се одржи во Ријад в недела на 12 ноември, посочувајќи дека одлуките што ќе бидат донесени на тој самит ќе бидат „многу голем чекор кон запирање на израелското угнетување на Палестинците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот