„Ер Србија” без државна помош заработила профит од 21 милион евра

Ер Србија/ Фото: МИА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека „Ер Србија“ постигнала фантастични резултати без никаква државна помош, но нагласи дека сѐ уште не е задоволен од некои компании.

-Имавме извонредни резултати кај Ер Србија, на гордост на секој граѓанин, без никаква државна помош направија профит од 21 милион евра и тоа во услови на ковид и украинскиот конфликт, каде што имате намален број на дестинации и неможност да постигнеш се што сакаш – рече Вучиќ за Танјуг во Давос, каде што учествува на Светскиот економски форум.

– Да се ​​направи таков резултат, Њујорк да стане една од попрофитабилните линии, да се отворат нови линии кон Кина, да се има лет до Чикаго од мај, сето тоа се огромни работи – рече тој и оцени дека тоа е огромен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот