ЕП: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во мирот и безбедноста, тоа е наша најмоќна геополитичка алатка

Роберта Мецола
Роберта Мецола / 30 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска изјави дека проширувањето на Европската унија во новите политички околности е нејзино најмоќно средство и дека тоа е инвестиција во мирот и безбедноста, но дека бара и да се постигне договор за внатрешната реформа на ЕУ што е можно поскоро.

„Проширувањето е најмоќната геополитичка алатка на Унијата. А, особено во оваа нова геостратешка средина, проширената ЕУ заснована на јасни цели, критериуми и заслуги претставува инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет на европскиот континент“, рече Мецола во обраќањето на лидерскиот самит на ЕУ во Гранада, Шпанија.

Таа додаде дека тоа е „процес чиј резултат ќе биде од корист за сите учесници“, соопшти Европскиот парламент.

Наведувајќи дека затоа ЕП се залагаше Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за членство во ЕУ, Мецола рече дека овој статус дава силен поттик за напредок во демократските реформи и дека погледот во изминатите 20 години ја илустрира трансформативната моќ на проширувањето.

„Затоа треба да го направиме следниот чекор на крајот на годината, доколку тие земји се подготвени“, додаде Мецола.

Претседателката на ЕП претходно им рече на новинарите дека „тоа што функционира за 27 членови, нема да функционира така за 32, 33, па дури и 35 членови“.

Според неа, првенствено се работи за побрз процес на одлучување, но и за буџетски прашања. „Мора да бидеме подготвени кога кандидатите се подготвени“, посочи Мецола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот