ЕП изгласа регулатива за инстант плаќања во евра – за 10 секунди

Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Наместо неколку работни дена – 10 секунди. Толку време ќе биде потребно за да се добијат трансфери во евра според новите правила за инстант плаќања, за кои Европскиот парламент се очекува конечно да гласа подоцна денеска.

„Имаме можност да направиме нешто што очајно им е потребно на физичките и правните лица – да можеме да извршиме брз трансфер на пари, во рок од 10 секунди, во секое време од денот, вклучително и надвор од нормалното работно време, а не само во една иста земја, но и на другите членки на ЕУ. Нашиот сегашен систем на платни налози се заснова на систем од 1980-тите, со Регулативата за инстант плаќања конечно влегуваме во 21 век“, нагласи известувачот Мишел Хугевен (европски конзервативци и реформисти – ЕКР) за време на дебатите во Европскиот парламент во понеделник, пренесува БТА.

Новите правила, за кои ЕП и Советот на ЕУ постигнаа прелиминарен договор во ноември, ќе ги обврзат давателите на финансиски услуги да им овозможат на своите клиенти можност за инстант трансфери, по такси не повисоки од оние за обичните трансфери и лимитот на префрлените износи се утврдува на 100.000 евра.

Во моментов, поединечни европски земји, вклучително и Бугарија, имаат системи за инстант преводи, но таков механизам недостасува на ниво на заедницата. Само 11 отсто од трансферите на пари во ЕУ се инстант, истакна Карлос Куерпо, шпанскиот министер за економија, трговија и компании, кон крајот на минатата година. Воведувањето на паневропски систем за инстант плаќања треба да го реши и проблемот со кој секојдневно се соочуваат многу Европејци – блокирањето на средствата кои „лебдат“ во транзитот на платниот систем.

Според проценките на Европската комисија, во моментов во финансискиот систем секојдневно се блокирани околу 187 милијарди евра, недостапни за трошење или инвестирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот