Енди Мареј конечно победи во 2024 година

Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

По три порази во низа во првите кола на турнирите, Енди Мареј конечно стигна до првата победа во 2024 година.

Тоа се случи на турнирот во Доха каде што Мареј во првото коло беше подобар од 75. тенисер на АТП листата, Александар Милер. Мареј славеше победа со 6:1 и 7:6.

Претходно Британецот губеше на стартот на Австралија Опен и турнирите во Монпелје и Марсеј. Подобри од него беа Томас Мартин Ечвери, Беноа Пер и Томаш Махач.

Во првиот сет Мареј беше одличен и му дозволи на противникот само еден гем, додека во вториот Милер пружи посериозен отпор. Во второто коло Мареј го чека меч против 18-годишниот Чех, Јакуб Меншико кој со 7:6 и 6:4 го елиминираше петтиот носител на турнирот, Шпанецот, Алехандро Давидович Фокина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот