
Емоциите имаат рок на траење: Тагата трае 240 пати подолго од срамот, а чувството што изгледа дека ќе трае вечно, брзо поминува
Се чувствувате тажно? Ова чувство може да потрае и до пет дена додека не се промени вашето расположение, а една студија потврдува дека тагата трае дури 240 пати подолго од срамот.
Препорачано
Човечките емоции се сложени и често ни се чини дека некои од добрите минуваат за миг, додека на негативните им нема крај. Научниците замолија 233 испитаници да се потсетат на нивните неодамнешни емоционални искуства, да го пријават времетраењето на тие чувства и да ги откријат своите стратегии за справување.
Од 27-те емоции, тагата се покажа како најдолготрајна – таа трае дури 240 пати подолго од гадењето или срамот. Стравот обично траел околу 30 минути, додека омразата во просек траела до 60 часа.
Преболувањето на раскинувањето, загубата на саканата личност или општите чувства на тага може да траат долго објаснуваат истражувачите. Тагата често се поврзува со настани со големо влијание, како што се смрт или несреќи, кои им даваат на луѓето потреба да размислуваат за она што се случило за да се справат со последиците.
За да го истражат времетраењето и интензитетот на емоциите, професорите Филип Вердујн и Саскија Лаврисен од Универзитетот во Лувен во Белгија побарале 233 студенти да се потсетат на последните емотивни епизоди и да забележат колку долго траеле. Учесниците одговарале и на прашања за стратегиите што ги користеле за да се справат со овие емоции.
Резултатите покажале дека тагата трае најдолго, додека срамот, изненадувањето, стравот, досадата … поминуваат побрзо.
Обично биле потребни 120 часа за да исчезнат чувствата на тага, додека за чувствата на гадење и срам биле потребни само 30 минути.
Омразата траела во просек 60 часа, а радоста 35 часа. Досадата, иако изгледала како да траела долго, всушност била краткотрајна емоција.
Ова истражување наречено „Мотивација и емоции“, објавено во списанието на „Спрингер“, е првото што нуди објаснувања зошто некои емоции траат подолго од другите.
Се покажа дека времетраењето на емоциите е димензија која може да прави разлика помеѓу слични емоции. На пример, истражувањето покажало дека чувството на вина трае значително подолго од срамот, додека анксиозноста трае подолго од стравот.
Траење на одредени емоции, според истражувањето е следното:
Тага: 120 часа
Омраза: 60 часа
Радост: 35 часа
Очај, надеж, вознемиреност, разочарување, задоволство: 24 часа
Љубомора: 15 часот.
Олеснување: 8 часа
Ентузијазам: 6 часа
Восхит и благодарност: 5 часа
Релаксација: 4,3 часа
Вина: 3,5 часа
Стрес: 3 часа
Гордост: 2,6 часа
Наклонетост: 2,5 часа
Гнев, досада, изненадување: 2 часа
Нервоза: 1,3 часа: 1.3 часа сочувство: 3,0 часа:
Гадење: 0,5 часа
„Постојаното размислување е клучна причина зошто некои емоции траат подолго од другите. Емоциите поврзани со висок степен на рефлексија траат најдолго“, вели професорот Вердујн.
„Пократкотрајните емоции генерално се предизвикани од настани од помало значење, додека подолготрајните емоции обично произлегуваат од нешто кое има големо значење за личноста“, заклучил Лавријсен, пренесува „Сенса“.