Елмас и Барди во топ 20 најскапи балкански фудбалери

фото/фејсбук

Елиф Елмас и Енис Барди се наоѓаат помеѓу највредните фудбалери од поранешните југословенски простори. Во анализата што ја направи „Ал Џезира Балканс“,а на основ на најпознатиот интернет сајт за вредност на фудбалерите “Transfermarkt.com“, вредноста на Елиф Елмас е проценета на 17 милиони евра, додека Барди и проценет на 15 милиони евра.

Интересно е што анализата вкупната вредност на македонските фудбалери изнесува 56.7 милиони евра и се наоѓаат на претпоследното место, додека највредна репрезентација има Србија чија вредност изнесува 287.7 милиони евра. На второто место се наоѓа Хрватска чија вредност изнесува 285.35 милиони евра. Трета е Босна и Херцеговина со 160,9 милиони, само еден милион евра повеќе од Словенија.

Највреден фудбалер во моментов од бившојугословенските простори е Словенецот Јан Облак кој брани за Атлетико Мадрид кој е проценет на 100 милиони евра, втор е Босанецот Миралем Пјаниќ (Јувентус) со 70 милиони евра додека трет е Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио) со вредност од 65 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот