„Експлозивна“ полициска акција: 250 тони петарди и ракети за огномет откриени на германско-холандската граница

Германската и холандската полиција денеска заплениле стотици тони нелегална пиротехника во пограничната област меѓу двете земји, јави агенцијата ДПА.

Според полицијата, биле запленети околу 250 тони пиротехника складирана во складиште во близина на Охтруп во северозападна Германија, 20 километри од холандскиот град Еншеде.

Џек Сеим, експерт за пиротехника од холандската полиција, некои од запленетите пиротехнички средства ги опиша како опасни по живот.

Двајца осомничени се уапсени во Холандија, за кои се верува дека се лидери на криминална група, изјави портпаролот на полицијата во Оснабрик.

Осомничените ги продавале пиротехничките средства преку Интернет, главно во Холандија, а дел можело да се купи во продавници во пограничниот регион. Вкупната пазарна вредност на одземената пиротехника е над 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот